Амнести Интернешнел - смртните казни во пад

Амнести Интернешнел, во најновиот извештај, наведува дека во минатата година во Европа не е извршена ниедна смртна казна. Егзекуциите се намалена и во другите делови од светот, освен во држави со многу строги режими. Амнести наведува дека во Белорусија, Казахстан, Узбекистан и Таџикистан се извршени 130 смртни казни во последниве 10 години, а оваа организација побара од Кина да ја објави точната бројка на луѓе кои се екзекутирани.