Обама за подобрување на односите со Кина


Американскиот претседател Барак Обама, на средбата со новиот кинески амбасадор во Вашингтон, истакна дека ќе се залага за натамошен развој на позитивните меѓусебни односи. Обама повторил дека Соединетите Држави и Кина треба да продолжат да работат заедно на решавањето на клучните глобални прашања, како неширење на нуклеарното оружје.