Ден на дрвото

Денеска во Република Македонија се одржува петтата акција „Денот на дрвото“. Организаторите планираат засадување на седум и пол милиони дрвца низ целата земја. Учесниците во акцијата ќе се превезуваат до локациите за садење со организиран превоз. Денешниот ден е прогласен за неработен.