Клинтон: Кина не се согласува со иранската нуклеарна програма

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Кина „ќе игра улога“ при извршувањето на новите санкции против официјален Техеран поради иранската нуклеарна програма. При своето обраќање во канадскиот град Отава, пред почетокот на самитот Г8, Клинтон рече дека Кина се согласува оти Иран не може да стане нуклеарна сила. Контроверзната иранска нуклеарна програма ќе биде главна тема на самитот Г-8. Турција, од друга страна, не ја поддржа иницијативата за нови санкции. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција и Иран делат граница долга 380 километри, додавајќи дека Иран е значаен партнер на неговата земја, посебно на полето на енергетиката.