САД и ЕУ ги осудија нападите во московското метро

Меѓународната заедница остро ги осуди вчерашните напади во московското метро. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американскиот и рускиот народ се обединети во спротивставувањето на насилен екстремизам и терористички напади. Од Европската унија соопштија дека ги поддржуваат руските власти во нивните напори да му се спротивстават на тероризмот во сите негови форми.