Украина може да го изгуби правото да биде ко-домаќин на европското фудбалско првенство

Шефот на УЕФА Мишел Платини денеска изјави дека Украина може да го изгуби правото да ко-домаќин на европското фудбалско првенство во 2012-та година доколку навреме не ги исполни светските стандари за стадионот во Киев. Платини најави дека во наредниве 10-тина дена ќе се сретне со украинскиот претседател Виктор Јанукович и ќе побара дополнителни гаранции дека клучните стадиони во Киев и Лавов ќе бидат готови на време. Украина и Полска треба наскоро да завршат со инфраструктурните надградби на стадионите.