НАТО и Франција ги осудија нападите во Москва

Меѓународната заедница почна да ги осудува денешните самоубиствени напади во метрото во Москва во кои загинале над 35 луѓе. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вети соработка на Алијансата со Русија во борбата против меѓународниот тероризам. Францускиот претседател Никола Саркози пак ги увери руските власти на целосна француска солидарност против, како што изјави, ваквите кукавички напади.