Атина и се извини на Тирана за расистичките пароли

Грчкиот амбасадор во Тирана Николаос Пазиос се извинил за расистичките пароли, извикувани од припадниците на грчката крајбрежна стража за време на воената парада во Атина на 25 март, Националниот ден на Грција. Во соопштението на албанското Министерство за надворешни работи се наведува дека грчкиот амбасадор изразил жалење пред шефот на дипломатијата Илир Мета, уверувајќи го дека грчките власти ќе спроведат истрага и оти виновниците ќе бидат казнети. Мета ја поздравил брзата реакција на грчката Влада, додавајќи дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат.