Над 30 загинати во две експлозии во московското метро

Во денешните две експлозии во мосоковското метро загинале над 30 луѓе, јавуваат руските медиуми. Првата се случила во метро станицата Лубијанка во центарот на Москва при што имало најмалку 25 загинати, а 15 други биле ранети. Портпаролот на министерството за итни случаи Ирина Андријанова изјави дека 14 лица загинале во вториот вагон од возот, додека преостанатите се наоѓале на платформата на станицата. Агенициите јавуваат дека 40 минути подоцна имало уште една експлозија во метрото, овој пат во станицата Паркот на културата, исто така во центарот на Москва, при што загинале 12 лица, а десетина биле ранети. Засега нема информации за причината на експлозиите. Интерфакс не ја исклучува можноста од напади на бомбаши самоубијци. Последен пат Москва беше цел на терористички напад во август 2004 година кога бомбаш самоубиец во една метро станица убил 10 луѓе.