Грчката амбасадорка повикана на разговор во МНР

Македонското министертво за надворешни работи денеска ќе ја повика на разговор грчката амбасадорка Александра Пападопулу, поради антимакедонските скандирања на воена парада во Атина. Министерството соопшти дека ќе бара формално извинување. Грчките војници на парадата скандираа „ Тие се Скопјани, тие се Албанци ќе си направам нова облека од нивната кожа“. Грчките медиуми известуваат дека офицерот на воената единица што парадирала е суспендиран, а најавени се и казни за војниците поради говор на омраза.