Обама во Авганистан: да се засили борбата против корупцијата

Американскиот претседател Барак Обама оствари кратка посета на Авганистан. Тој на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му укажа дека борбата со корупцијата во земјата мора да одговара на воените придобивки против екстремистите во регионот. Обама за време на посетата им се обрати и на војниците во авионската база во Баграм, која се наоѓа западно од главниот град Кабул. Тој изјави дека е сигурен во нивниот успех во мисијата.