Во кинески рудник затрупани 153 рудари

Спасувачката акција продолжува во северниот дел на Кина, каде што околу 153 рудари се заглавени во поплавен рудник за јаглен, известуваат кинеските медиуми. Претседателот Ху Џинтао и премиерот Вен Џиабао им наредија на локалните власти да направат се што е во нивна моќ да ги спасат рударите. Во моментот кога се случила несреќата, во рудникот во провинцијата Шанхи работеле 260 рудари, од кои само стотина успеале да побегнат навреме, додека другите останале заробени под земја.