Малиќи не сака да коалицира со Алави

Актуелниот ирачки премиер, Нури Ал Малиќи ја отфрли можноста да коалицира со поранешниот премиер Ијад Алави. Владиниот потпарол, Хајим ал Хосни изјави дека коалицијата го смета Малиќи за единствен кандидат за шеф на следната Влада. Претходно Малиќи побара рачно пребројување на гласовите поради измама во две изборни единици, во Багдад и Мосул.