Обама во ненајавена посета на Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан. Белата Куќа соопшти дека Обама денеска насамо ќе се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот командант, генерал Стенли Мекристал. Во соопштението се вели дека Обама ќе одржи и говор пред американски војници во Авганистан.