Пакистанската армија уби 22 Талибанци

Пакистанските власти соопштија дека возвратиле на талибански напад, при што армијата убила 22-ца Талибанци во близнина на авганистанската граница. Владиниот претставник, Самилуах Кан изјави дека Талибанците ја нападнале воената база во областа Оракзаи при што пакистанската војска го возвратила ударот.