Еврејскиот празник Пасха ги затвори границите меѓу Израел и Палестинците

Израелската војска денеска доби наредба од вечерва на полноќ да ги затвори премините на Западниот Брег до 6-ти април поради „безбедносни причини“ пред одбележувањето на еврејскиот празника Пасха. Во соопштението на министертвото за одбрана е наведено дека за време на празникот премините од една на друга територија ќе бидат строго забранети, освен во итни случаи. Ерусалимската полиција предупреди дека безбедносните сили се подготвени да спречат секакви инциденти, без разлика дали ги предизвикале еврејски или муслимански екстремисти.