Зголемени тензиите во Нагорно Карабах

Азербејџански војник загинал при судир со ерменските безбедносни сили во Нагорно Карабах, пренесуваат новинските агенции. Ерменија и Азербејџан се бореа за контрола врз Нагорно Карабах пред 15-тина години. Војната прекина но конфликтот не е решен. Во тој регион поголемиот дел од населението се Ерменци. Тензиите во Нагорно Карабах се зголемени по обидите на Ерменија да воспостави дипломатски односи со Турција, пренесуваат новинските агенции.