Ердоган против санкции за Иран

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја отфрли идејата за воведување на нови санкции кон Иран. Ердоган во интервју за германскиот весник „Шпигел“ истакнал дека нуклеарните проблеми со Иран треба да се решаваат исклучиво по дипломатски пат, затоа што се друго може да го загрози мирот.