Лоши полициски стандарди во Авганистан?

Британското министертво за надворешни работи соопшти дека Велика Бристанија е загрижена околу прогресот на авганистанската полиција.Овие забелешки доаѓаат по серијата поплаки за стандардите во полицијата, односно за лошата физичка подготвеност на регрутите, нивната недоволна писменост и слабите критериуми според кои се оценуваат кандидатите. Во соопштението е наведено дека полициските реформи се од големо значење за Авганистан.