Тајландскиот премиер ќе разговара со демонстрантите

Тајландскиот премиер Абхисит Веџаџиџа се согласи да разговара со демонстрантите кои бараат нови избори.Од канцеларијата на Веџаџиџа излегоа со ова соопштение неколку часа откако Премиерот изјави дека нема да се потклекне на ниту еден ултиматум на демонстрантите.
Демонстрантите ги почнаа протестите на 12 март во Банкок.Тие велат дека нема да престанат да протестираат се додека Веџаџиџа не распише нови избори.