Словенија со референдум одлучува за арбитража

Партиите во словенечкиот Парламент постигнаа согласност за организирање референдум за договорот за арбитража. Словенечкиот премиер Борут Пахор изјави дека народот треба да донесе одлука на референдум за едно толку важно прашање. Тој додаде дека референдумот ќе биде свикан по ратификувањето на договорот од Парламентот во април. Договорот предвидува создавање меѓународна арбитражна екипа која ќе го реши спорот околу границата меѓу Словенија и Хрватска и неговото решение ќе биде задолжително за двете страни.