Зголемено насилство во Ирак по објавените изборни резултати

Ирачката полиција соопшти дека најмалку тројца Ирачани се убиени и шестмина се ранети при неколку престрелки во Ирак, поради расправии околу изборните резултати. Новинските агенции известуваат дека се зголемуваат тензиите во Ирак, откако владечката коалиција не ги призна резулатите од парламентарните избори со кои побеник е опозициската коалиција Иракија.