Клинтон побара брзо решавање на кипарскиот проблем

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон по средбата во Вашингтон со шефот на кипарската дипломатија Маркос Киприану побара брзо решавање на кипарскиот проблем. Клинтон истакна дека САД цврсто стои зад поддршката на Обединетите нации за решавање на кипарскиот проблем. Киприану изјави дека Турција лошо влијае врз преговорите за повторното обединување на Кипар и оти властите на Труската Република Северен Кипар се целосно зависни од Анкара.