Поставени темели на Технолошката индустриска развојна зона во Штип

Македонскиот премиер Никола Груевски заедно со вицепремиерот Владимир Пешевски и градоначалникот на Штип, Зоран Алексов денеска ги поставија темелите за изградба на технолошка индустриска зона во Штип. Во својот говор , Груесвки истакна дека ова е почетокот на првата фаза од инфраструктурната изградба , односно дека ќе се изгради сообраќајница долга 2,2 километри, ќе се изведе водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација.Груевски додаде дека тоа треба да се заврши за една година и ќе чини 7 милиони евра.