Бан Ки Мун се надева дека за 2 години ќе се решат израелско - палестинските проблеми

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун побара од арапските лидери да го поддржат американскиот напор за почеток на индирекни преговори меѓу Израел и Палестинците. На самитот во Либија истакна дека нема друга алтренатива, освен преговори меѓу овие две земји за мир на Блискиот Исток. Бан Ки Мун во својот говор истакна дека заедничка цел треба да им биде решение на изреалско-палестинските прашања за 24 месеци.