Медведев - нови санкции против Иран се можни

Рускиот Претседател Дмитриј Медведев изјави дека не можат да се исклучат санкции против Иран поради нуклеарната криза. Медведев зборувајќи пред преставници на Арапската лига во Москва изјави дека тоа не е оптимално решение но дека такво сценарио не може да биде исклучено. Москва е клучен преговарач со Иран за кој Запад верува дека има намера да направи атомско оружје. Техеран тоа го негира.