Евро комесарот Филе им прави проблеми на кипарските Грци!?

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе прави грешка кога се обидува да ги озакони директните врски меѓу земјите-членки на Европската унија и Турската Република Северен Кипар, изјави синоќа во Брисел кипарскиот претседател Димитрис Христофиас.
Тој наведе дека Филе отпочнал процедура за доставување на предлог закон до Европскиот парламент со кој ќе се регулира директната трговија меѓу ЕУ и Турската Република Северен Кипар.
„Активностите на Филе можат да создадат огромни проблеми за преговорите за повторно обединување на Кипар. Исто така, Филе за својата иницијатива не го информирал ниту кипарското Министерство за надворешни работи, ниту Шпанија која во моментот претседава со ЕУ, ниту пак претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо“, изјави Христофиас, за кого таквите иницјативи на Филе се еднострани.