Тадиќ - Србија е против дезинтеграција на БиХ

За Србија се прифатливи сите решенија за Босна и Херцеговина, па и промена на Уставот, ако се донесени со договор на двата ентитети и трите народи. Ова го изјави српскиот Претседател Борис Тадиќ за време на разговорот со високиот преставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Тадиќ рекол дека Србија како гарант на Дејтонскиот договор, во принцип се противи на дезинтеграција на БиХ и на нејзина поделба.