Речиси 60 мртви по вчерашните бомбашки напади во Ирак

Бројот на загинатите во двата бомбашки напада северно од Багдад се искачи на 57 мртви и 73 ранети, соопшти денеска ирачката полиција. Бомбите истовремено експлодираа синоќа пред два ресторана во градот Калис.
До нападите дојде непосредно по објавувањето на резултатите од парламентарните избори на кои , според официјалните податоци победи блокот Иракија на бившиот премиер Ајад Алави. На второ место со два пратенички мандата помалку е коалицијата на сегашниот Премиер Нури ал Малиќи.