Во Пакистан пронајдени мртви 6 - те возачи на камиони

Пакистанската полиција соопшти дека 6 - те возачи на камиони, кои беа беа киднапирани пред неколку дена во северозападниот дел од земјата се пронајдени мртви. Според локалната полиција, во писмото пронајдено во џебот на еден возач, пишувало дека ќе биде убиен секој што ќе испорачува стока до Шиитска заедница Парашринар. Во оваа племенска област имаше чести судири меѓу шиитските и сунитските муслимански секти.