Иракија на Ијад Алави победник на изборите во Ирак

Според официјалните резултати на парламентарните избори во Ирак, блокот на поранешниот Премиер Ијад Алави освои две места повеќе од коалицијата на сегашниот Премиер Нури ал Малиќи. Иракија на Алави освои 91 места во 325 члениот Советот на пратеници, додека Алијанста на Малиќи доби 89 места. Национална алијанса, коалиција на главно шиитски групи, пак освои 70 места додека Курдистаниа - доминантен блок во двата курдистански региони освои 43 места. Независни кандидати и кандидатите од помалите партии освоија 17 места, а 15 пратенички мандати се резервирани за припадниците на религиозните и етнички малцински групи. Една четвртина од Парламентот, според ирачки устав, треба да бидат пополнет од жени.