Во две експлозии во Ирак, 40 загинати

Најмалку 40 луѓе загинале, а десетици други биле ранети во денешните два бомбашки напада во Бакуба, на шеесетина километри северно од Багдад, соопштија ирачките власти. Бомбите, како што се прецизира, истовремено експлодирале пред два ресторана. До овие напади дојде пред објавувањето на резултатите од парламентарните избори во Ирак одржани на 7 овој месец. Според резултатите, коалицијата на поранешниот премиер Ајад Алави води со две места повеќе од блокот на сегашниот премиер Нури Ал Малики.