Писмо од Обама до Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска доби писмо од американскиот претседателот Барак Обама со благодарност за дополнителните македонски војници во Авганистан. ,,Со ваквиот придонес, сега Македонија е една од земјите со најголемо учество во ИСАФ според бројот на војници. Го цениме постојаното партнерство на Вашата земја во одговорот на нашите заеднички предизвици, не само во Авганистан, туку и на други места во светот, вклучително во Босна и Ирак. Ве охрабруваме да продолжите да работите преку процесот на Обединетите нации на решавање на прашањето околу името што е можно поскоро со што Вашата земја ќе може да се придвижи во исполнувањето на своите евроатлантски аспирации,, се наведува во писмото на американскиот претседател Обама до претседателот Иванов.