Црвенковски - Симонс: што поскоро решение за името

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска оствари средба со делегација на НАТО-тимот, предводен од заменик помошникот на Генералниот секретар на НАТО за безбедносна соработка и партнерство, Роберт Симонс.
Симонс изјавил дека го разбира разочарувањето од Самитот на Алијансата во Букурешт, но и огромната поддршка која граѓаните на земјава ја даваат за влезот во НАТО. Тој изрази надеж дека прашањето за спорот со името ќе биде брзо решено со што земјата ќе ги деблокира евро-атлантските интеграции за што е потребно лидерство од двете држави. Црвенковски истакна дека за СДСМ, и кога е на власт и кога е во опозиција, евро-атлантските интеграции на земјата се од највисок приоритет.