Средба Милошоски - Давутоглу

Однесувањето на Турција и Македонија во балканскиот регион дава придонес некои проблеми и недоразбирања да се надминуваат во интерес на стабилноста, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по денешната средба во Скопје со неговиот турски колега Ахмет Давутоглу, кој е во неколкудневна посета на земјава. Двајцата министри оценија дека односите меѓу двете земји се посебни и повеќе од пријателски. “Успехот на Македонија е и наш успех. Секогаш ќе бидеме на страната на Македонија“, изјави Давутоглу. Шефот на турската дипломатија потенцира дека турската Влада ќе ги поттикне турските бизнисмени да инвестираат во Македонија.