Над 20 загинати во Пакистан

Пакистанската армија соопшти дека петмина војници и над 20 милитанти биле убиени во борбите во близина на границата со Авганистан. Се прецизира дека милитантите нападнале еден контролен пункт во регионот Оракзаи. Станува збор за истиот регион каде што вчера, според владини извештаи, биле убиени 60 милитанти во воздушни напади врз една џамија и верско училиште. Се верува дека во овој регион се криел главниот командант на пакистанските талибанци Хакимула Мехсуд.