Испраќање нов контингент на АРМ во Авганистан

Во касарната Илинден во Скопје ќе се одржи свеченост за испраќање во Авганистан на контигентот на АРМ кој ќе биде дел од наменските сили ФЕНИКС и задачите ќе ги извршува во рамките на мисијата ИСАФ. Овој контингент, кој го сочинуваат 79 припадници на полкот за специјални операции и баталјонот на Воената полиција, е планирано да извршува еднократна мисија во траење од девет месеци во источниот и северниот дел на Авганистан. Основни задачи ќе бидат обука и менторирање на Авганистанската национална армија и полиција, изведување на заеднички операции за поддршка на мирот и стабилноста во Авганистан, обезбедување на високи личности од воениот персонал на НАТО и ИСАФ и делување со коалициските сили на НАТО и САД.