Времето ќе биде сончево и потопло

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура се движи од три до осум, а дневната ќе биде од 17 до 23 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево. Утринската температура се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 21 степен.