Машиновозачите ќе штрајкуваат поради небезбеден железнички сообраќај

Синдикатот на вработените во Македонски Железници најавија протест доколку наскоро не се решат безбедносните проблеми на железничкиот сообраќај и нивните барања за бенифициран стаж. Претседателот на Синдикатот , Ристе Пејовски изјави дека безбеднсота во сообраќајот е загрозена поради техничката неисправност на локомотивите и поради немањето на доволно средства за работа. Според синдикатот одроните на железничките пруги се очекувани поради тоа што нема кој да ги одржува на пругите, луѓето задолжени за тоа се на принуден одмор веќе 9 месеци и немаат земено плата за последните 4 месеци.