Папандреу побара акција од евопските лидери

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во Брисел побара од европските лидери да дејствуваат за стабилизација на европската валута. Тој во својот говор на Самитот на Европската Унија не спомна за можна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд. Папандреу пред новинарите изјави дека преку зајакнување на еврозоната и ќе се стабилизира европската валута. Еврото падна на најниско ниво во последниве 10 месеци во однос на американскиот долар поради загриженоста на Европската унија за тоа како да и се помогне на задолжената Грција.