Денеска во Брисел средба Груевски- Папандреу

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу на маргините на Самитот на Европската Унија во Брисел. Груевски вчера се сретна со претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, со претсeдателот на Европскиот парламент Јиржи Бузек, и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Еврокомесарот Филе ги поздравил излегувањето на Македонија од рецесија, добрите меѓуетнички односи и спроведувањето на Рамковниот договор. На средбата меѓу Груевски ја истакнал подготвеноста на Република Македонија за изнаоѓање заеднички прифатливо решение во спорот за името со Грција.