Американско- пакистански разговори

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон почна официјални разговори со пакистанските власти. Таа рече дека е дојден „нов ден“ во односите меѓу двете земји. Американскиот државен секретар вчера во Вашингтон се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи Махмуд Куреши, при што понуди безрезервна американска подршка на борбата на пакистанските власти против исламскиот екстремизам.