Баросо: Еврозоната треба да направи механизам за спас на Грција ако треба

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска повторно ги повика земјите од еврозоната да создадат како што вели тој „заштитна мрежа“ за Грција, во случај да и е потребна финансиска помош на Атина. Toj додаде дека сега е време во рамките на еврозоната да се создаде инструмент за координирана акција.