Уапсени 100-тина осомничени за тероризам во Саудиска Арабија

Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека уапсиле 101 осомничен за планирање на терористички напади и поврзаност со Ал Каеда. Во соопштението е наведено дека биле спречени и неколку обиди за терористички напади.