Бомбашки напади во Авганистан, најмалку 7 загинати

Двајца војници на НАТО и двајца авганистански експерти за мини, загинаа денеска при бомбашки напади во Јужен Авганистан а тројца полицајци загинаа во дирекни борби со Талибанци. НАТО соопшти дека двајцата загинати војници се припадници на Мисијата Исаф, но не ја соопшти националната припадност на војниците.