Македонските фунционери ќе се лустрираат само до 1991 година

Македонскиот Уставен Суд на денешната седница ги укина спорните 4 членови од законот за лустрација, односно ќе се лустрира до 1991година. Со укинувањето на овие членови, Комисијата за лустрација може да продолжи со проверката дали функционерите соработувале со органите за безбедност.