Шансите за намалување на португалскиот дефицит се мали?

Фитч, една од водечките светски рејтинг агенции денеска соопшти дека се зголемува загриженоста за способност на португалската влада да го намали буџетскиот дефицит. Агенцијата тврди дека шансите за заздравување на португалската економија се многу мали за разлика од другите земји во еврозоната. Минатата година Португалија имаше буџетски дефицит од 9,3 проценти што е за три пати поголем од дозволениот во еврозоната.