Американско - пакистански разговори за партнерство

Виоки владини пакистански претставници, денеска во Вашингтон започнуваат дводневни разговори со американскиот државен секретар Хилари Клинтон за зајакнување на долгорочното стратегиско партнерство меѓу Соединетите Држави и Пакистан. Пакистанските претставници најавија дека ќе бараат потпишување договор за невоена нуклеарна соработка со Вашингтон, сличен на оној меѓу САД и Индија.