Премиерот Груевски во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе ја започне посетата на Брисел, каде што во текот на денов ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а ќе биде примен и од претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпеј и од претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек. Како што беше претходно најавено, премиерот Груевски утре ќе се сретне со својот грчки колега Јоргос Папандреу, а една од темите на разговорот се очекува да биде спорот меѓу двете земји околу името.