Милибанд: Побарав од Израел да повлече еден дипломат од амбасадата

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд денеска пред Парламентот изјави дека Владата има доволно причини да верува оти Израел е одговорeн за злоупотребата на британските пасоши при убиството на палестинскиот водач на Хамас во Дубаи. Милибанд побара од Израел да повлече еден неименуван дипломат од израелската амбасада. Израел соопшти дека не постојат цврсти докази дека неговите агенти стојат позади убиството .